Дански рецепт за полуфинале на ЕП: победи само тројца аутсајдери, и тоа е тоа! (Видео)

Данска е третиот полуфиналист на Европското првенство, откако попладнево во Баку ја совлада Чешка со 2-1. Данците ја оправдаа фаворитската улога, исто како во осминафиналето со Велс и во последниот меч од групата против Русија, па овие три победи против селекции кои не се во врвот на Европа, им беа доволни на Данците да стигнат до полуфинале. Ако Украина направи сензација против Англија, Данска има отворен пат и до финалето, и тоа без да има дуел со некоја репрезентација од топ фаворитите.

Данска стана прва селекција која на едно исто ЕП дала два гола во првите пет минути од мечевите, а Патрик Шик од Чешка даде гол, негов петти на ова ЕП, но продолжи малерот да испаѓаат репрезентациите на најдобрите стрелци на Евро 2020. Данска последен пат во полуфинале играше во 1992 година, а тоа беше првенство на кое ја освои титулата.

Најубавиот од трите гола беше оној на Долберг, најмногу поради фантастичната асистенција со надворешниот дел од копачката на Меле:

https://twitter.com/i/status/1411365459061100544

- Оглас -

Најнови вести