Романскиот тим ФЦСБ со 2:0 го победи Митјиланд во меч од Лигата на Европа, а навивачите на стадионот во Букурешт имаа можност да видат еден од најбрзите погодоци откако ќе започне едно полувреме.
Домаќините водеа со 1:0 благодарение на погодокот на Танасе во 16-тата минута, а почетниот удар во второто полувреме беше за гостите. Играчите на Митјиланд беа застанати во формација дека уште од првиот момент ќе тргнат жестоко да нападнат.
Ја изведоа топката и ја вратија кон голманот, кој беше излезен на 30-тина метри од голот, а неколку гостински фудбалери тргнаа во напад. Кога се очекуваше голманот да ја уфрли топката во противничкото поле, пред него се испречи Даниел Бирлигеа, кој успеа да блокира, а потоа лесно да постигне гол, и тоа само по осум секунди откако започна вториот дел.
Токму тој погодок беше печат за победата на романската екипа.
FC Midtjylland unusual kick off as they concede after 8 seconds
byu/Rayan2550 insoccer