Данската фудбалска репрезентација ја има улогата на голем фаворит за победа над Македонија во утрешниот бараж дуел за пласман на Светското првенство кое ќе се игра ова лето. Сепак, данските медиуми предупредуваат дека огромен е притисокот врз нивната селекција затоа што ако не успеат да ја победат Македонија, тоа би било епски неуспех за нив.

Данска можеше целосно да ги избегне бараж-дуелите, но во последните две кола од квалификациите за СП имаше два меча со шокантни резултати. На домашен терен Данска беше огромен фаворит против Белорусија и со победа ќе беше на Мундијалот. Данска водеше со 1:0 пред своите навивачи, но на големо изненадување, Белорусија даде два гола во вториот дел и поведе со 2:1. Во финишот Данска даде гол за 2:2 и освои еден бод.
Во последното коло од квалификациите Данска гостуваше кај Шкотска и доволно беше да не загубат за да останат први и да одат на завршицата од планетарниот собир. Беше 2:2 кога во 90+3 минута Шкотска даде гол за 3:2, а потоа домаќините постигнаа и стигнаа до победа од 4:2. Со овој резултат Шкотска отиде на СП, а Данска во баражот, каде што утре ја чека Македонија.
„Со нож на грлото и перспектива за два квалификациски натпревари, Данска е на работ на историски неуспех ако не успее да се пласира на СП 2026. Ова е недела што дефинира каде се движи данската репрезентација“, стои во анализата.
Данска е во обид да стигне до третото Светско првенство во низа, односно вкупно седмо во својата историја. Првпат дел од Мундијалот беше во Мексико 1986 година.

