28.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Дарио гордо и успешно ја претстави Македонија, а победникот се решаваше во фотофиниш (Видео)

Маратонот во машка конкуренција на Светското првенство во атлетика во Токио донесе голема драма околу битката за првото место, а со голем интерес се следеше и кај нас поради учеството на Дарио Ивановски.

Ивановски мина како 58-ми низ целта, а со оглед на тешките услови за трчање, успех е и што ја истрча целата трка долга 42.195 метри. Многу од фаворитите од Африка не успеаја да го истрчаат маратонот.

Победи Симбу од Танзанија, и тоа благодарение на фотофинишот. Германецот Петрос прв влезе на стадионот и имаше предност до пред самата цел, но попушти во финишот и остана без златото. Двајцата имаа исто време, но победи Симбу.

- Оглас -

Најнови вести