Дарио Ивановски освои сребрен медал на полумаратонот во Атина

Најдобриот македонски атлетичар на долги патеки во историјата, Дарио Ивановски имаше нов одличен настап и тоа на полумаратонската трка на Балканското првенство во Атина.

Делницата од 21 километри Ивановски ја истрча со време од еден час, пет минути и 19 секунди, освојувајќи го второто место на шампионатот на балканскиот полуостров.

Со оваа трка, Дарио уште еднаш потврди дека е во одлична форма и дека одлично ја темпира формата за големите натпреварувања. Ивановски кој минатата година беше првиот Македонец кој трчаше на маратонска трка на Летните олимписки игри во Париз, сега има за цел да биде дел и од Игрите во Лос Анџелес во 2028 година.

 

- Оглас -

Најнови вести