Дарко Панчев даде два гола во последниот меч на Динамо и Црвена ѕвезда (Видео)

Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда може да играат меѓусебе во плејофот за влез во групната фаза од Лигата на шампиони, одлучи денешната ждрепка на УЕФА. Доколку хрватскиот и српскиот шампион ги поминат следните ривали, тогаш ќе има пресметка на некогашните лути ривали од поранешна СФР Југославија.

На 5 мај 1991 година за последен пат овие две екипи играа меѓусебе. Тоа беше меч од првенството на СФРЈ, а мечот беше на „Максимир“ во Загреб. Црвена Ѕвезда со Дарко Панчев и Илија Најдоски во составот одлично започнаа.

Токму Панчев кој беше Златна Копачка на Европа, даде два гола во првите 15 минути и донесе водство на гостите од Белград со 2:0. Потоа следуваше фаул на Најдоски врз Давор Шукер во шеснаесетникот на Црвено-белите, а голгетерот на Динамо погоди од пенал и намали на 1:2. Пред крајот на првиот дел, Динамо израмни на 2:2 со погодокот на Гашпарт.

Пред почетокот на вториот дел, тренерот на Ѕвезда, Пупко Петровиќ беше исклучен поради непримерно однесување. Кога се чинеше дека ќе заврши нерешено, во 89 минута Грегор Жидан даде гол во 89 минута за победа на Динамо од 3:2.

- Оглас -

Најнови вести