Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски ќе ја продолжи својата кариера во унгарскиот прволигаш Ниреѓихаза Спартак. Клубот денеска официјално објави дека го ангажира дефанзивецот, кој беше без клуб во првиот дел од сезоната.
„Сметам дека унгарската лига е многу конкурентна, а Нирегихаза Спартак располага со врвна инфраструктура. Импресиониран сум од модерниот стадион и од посветеноста на навивачите. Очекувам да го дадам својот максимум и да помогнам во остварување на целите на тимот. Визијата на клубот и начинот на работа на тренерскиот тим ме убедија дека ова е вистинското место за мене“, изјави Велковски.
Договорот ќе го задржи македонскиот дефанзивец во редовите на Ниреѓихаза Спартак до крајот на актуелната сезона, каде што моментално тимот се наоѓа на осмата позиција во првенството.