0.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Дарко Велковски ќе потпише за Вардар, и не само тој, во најава уште три принови

Фудбалскиот клуб Вардар најави дека во текот на денов треба да се официјалиираат договорите со македнскиот репрезентативен стопер Дарко Велковски и српскиот офанзивец Стефан Цветковиќ.

Велковски повторно ќе го носи дресот на Вардар, откако беше член на најтрофејниот македонски клуб од 2015 до 2018 година. Дарко го раскина договорот со Зрински од Мостар и како слободен играч доаѓа во Вардар.

Цветковиќ е 28-годишен крилен играч кој потекнува од младинската школа на Црвена ѕвезда и некогашен јуниорски репрезентативец на Србија, а последен клуб му бил Железничар Панчево.

Од Вардар најавија дека до крајот на викендот се очекуваат уште две засилувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести