Зрињски Мостар ја прекина соработката со македонскиот дефанзивец Дарко Велковски, кој летово пристигна како едно од најавуваните засилувања.
Велковски беше донесен во тимот во летниот преоден рок со надеж дека ќе донесе значаен придонес во одбраната, но за Зрињски одигра само два официјални натпревари во есенскиот дел од сезоната и не успеа да го оправда очекуваниот статус на клучен играч во дефанзивата.
По заемна согласност, клубот и фудбалерот решија да ја прекинат соработката порано од предвиденото. Во официјалното соопштение на Зрињски се истакнува дека со Велковски имале позитивен и професионален однос, а му посакаа многу среќа и успех во продолжението на кариерата.
Велковски сега ќе треба да побара нова средина, дали можеби повторно ќе се врати во македонскиот шампионат и ќе го облече дресот на Вардар?!

