Дастин Вер е ѕвер – Погледнете го сараевското шоу на бекот на МЗТ Скопје (Видео)

Дастин Вер повторно беше во препознатлив елемент и лидер на МЗТ Скопје во нова победа во АБА 2 лигата, вечерва против Сараево санс со 88:77.

Бекот на Штрковите постигна 26 поени и имаше 8 асистенции и безброј атрактивни потези.

Погодуваше и тројки, асистираше на магичен начин и кога Вер е расположен за игра, МЗТ Скопје убедливо гази на паркет.

МЗТ Скопје има биланс од пет победи и само еден пораз во АБА 2 лигата и е на второто место зад лидерот Борац Бања Лука.

Скопјани ги чека уште еден меч на турнирот во Сараево, во недела против Ловќен.

- Оглас -

Најнови вести