18.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

(Видео) Датоме како Џордан, Фенербахче победи во дербито на шампионите

Луиџи Датоме одигра во НБА стил на големиот Мајкл Џордан во финишот на дербито меѓу Фенербахче и Реал Мадрид и му донесе победа на турскиот првак од 65:63.

Датоме мајсторски ја префрли топката од десната на левата рака и ја положи топката во кошот на нешто повеќе од 4 секунди до крајот на дербито.

Последниот напад му припадна на Реал Мадрид, но Кампацо не успеа да погоди и актуелниот европски првак загуби во пеколната атмосфера во Истанбул.

Ова беше дуел на двата последни шампиони во Евролигата, а Реал е бранител на титулата, што пред него ја освои Фенербахче.

Датоме беше и најефикасен на мечот со 17 поени, пред соиграчот Јан Весели со 13 поени. Кај Реал Мадрид Руди Фернадес беше најдобар стрелец со 12 поени.

- Оглас -

Најнови вести