Некогашниот член на младинската школа на Барселона и повремен репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски, е нов играч на Вардар.
Офанзивниот играч за врска треба да донесе дополнителен квалитет во нападот на Црвено-црните и стабилност во средниот ред.

Бабунски првпат во кариерата ќе игра во македонското првенство откако во минатото има настапувано за клубови како Црвена ѕвезда, Јокохама, Ботосани, Дебрецин, а последен негов клуб беше Данди јунајтед во Шкотска.
Верноста со Вардар ја потпиша за следните три сезони.

