Давид Бабунски потпиша двегодишен договор со Дебрецин, ќе игра за најуспешниот унгарски клуб во 21 век

Давид Бабунски е новото засилување на Дебрецин и ќе игра за најтрофејниот унгарски клуб во 21 век во следните две години. Некогашниот фудбалски талент од познатата Академија на Барселона „Ла Масија“ потпиша двегодишен договор со 7-кратниот унгарски првак.

Кариерата ја почна во вториот тим на Каталонците и за Барселона Б одигра 48 натпревари, но не успеа да дебитира за сениорите. Потоа беше член на Црвена ѕвезда, Јокохама маринос во Јапонија, Ојмија, Ботошани и Виторул во Романија.

Бабунски беше дел од златната генерација младинци што играа за Македонија на првото големо натпреварување, на ЕП во Полска во 2017 година.

Дебрецин ќе му биде седмиот клуб во кариерата на 27-годишниот фудбалер со 9 настапи за македонската сениорска репрезентација.

Дебрецин со 7 титули е најуспешниот унгарски клуб во овој милениум.

 

- Оглас -

Најнови вести