27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Давид Бабунски се збогуваше со Дебрецин

Давид Бабунски затвори уште едно поглавје во неговата кариера. Бабунски кој во минатото беше член на младинските категории на Барселона, си заминува од унгарски Дебрецин, клуб во кој останува неговиот брат Доријан.

„Време е да се оди напред. Беше одлично искуство да се биде дел од овој клуб. Благодарам до Дебрецин и до сите навивачите за поддршката. Ви посакувам се најдобро во иднина“ – напиша Бабунски на Фејсбук.

Давид имаше договор до крајот на август, а откако не беше продолжена соработката, тој е приморан да си бара нов клуб.

- Оглас -

Најнови вести