Давид Силва се враќа дома?

Капитенот на Манчестер сити Давид Силва, по крајот на сезоната ќе го напушти актуелниот англиски првак по повеќе од 10 години. Силва освои речиси сè што можеше да се освои со Граѓаните (Лигата на шампионите остана сон), а додека трае пандемијата со Корона-вирусот и фудбалот е во застој, може слободно да размислува каде ќе ја продолжи кариерата.

Италија, САД и Јапонија беа можните дестинации за искусниот шпански плејмејкер, меѓутоа англиските медиуми тврдат дека Силва постигнал договор со неговиот поранешен клуб Валенсија. Триесет и четиригодишниот Силва наводно прифатил тригодишен договор од Лилјаците, и ќе се врати дома по повеќе од една деценија.

Пред Валенсија да го продаде Силва за сума од 30 милиони евра на Манчестер сити, тој одигра повеќе од 160 меча за Лилјаците во кои реализира 31 погодок и 33 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести