Де Бројне даде четири од петте гола за Манчестер сити, кој „гази“ сè пред себе во Премиер лигата

Има ли подобар играч во Премиер лигата од Кевин де Бројне во моментов? Белгиецот ги постигна четирите од петте гола за Манчестер сити на гостувањето кај Вулверхемптон во победата од 5:1.

Де Бројне во првиот дел даде хет-трик за 25 минути, а својот трет гол го прослави во стилот на Ерлинг Халанд. Потоа, во 60-тата минута дојде и до четвртиот погодок на оваа средба.

Рахим Стерлинг во 84-тата минута ги постави конечните 5:1, со што Манчестер сити има три бода повеќе, но и седум погодоци подобра гол-разлика од ривалот Ливерпул на две кола до крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести