Де Бројне минимум неколку недели аут, нема да игра на европскиот Суперкуп

Белгискиот фудбалер за врска, Кевин де Бројне, ќе го пропушти мечот од Суперкупот на Европа поради мускулната повреда која ја здоби на дуелот против Барнли на стартот на Премиер лигата.

Освојувачот на Лигата на шампионите, Манчестер сити, и победникот во Лига Европа, Севилја, задутре на стадионот „Караискакис“ во Пиреја, Грција, ќе го играат мечот за европскиот трофеј.

Интересно е дека Де Бројне се повреди во 36-тата минута, а во истата 36-та минута тој го напушти теренот и во финалето на ЛШ против Интер, и тоа поради истата повреда, која бара пауза од неколку недели.

- Оглас -

Најнови вести