Тони Крос: „Вини е најзаслужен за голот, не сум размислил дали ќе останам во Реал“

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, беше еден од најдобрите во составот на „кралевите“ во дуелот против Баерн Минхен во полуфиналето од Лигата на шампионите, кој заврши 2-2. Германецот со фантастична асистенција го пронајде Винисиус, кој го доведе Реал Мадрид во водство на „Алијанц“ во Минхен.

„Моето додавање? Сите заслуги се за Винисиус бидејќи постигна гол. Додавањето не беше ништо посебно. Видов дека штоперите на Баерн го следат Вини, а знаев дека Вини е добар да истрча во простор. Затоа сите заслуги се за него. Тој сам си отвори простор.“ – рече Тони Крос после натпреварот.

„На полувремето не сакавда заврши 2-2, но на 10 минути пред крајот веќе можеш да го прифатиш тој резултат. Мислам дека резултатот е реален со оглед на нашиот настап. Убеден сум дека ќе поминеме понатаму.“ – додава Крос.

Германецот беше запрашан и околу неговата иднина во Реал Мадрид, но одговорот беше воздржан.

„Сезаната е во дел во кој не треба да се носат индивидуални одлуки. Секако дека размислувам за се, но се уште ништо не сум одлучил.“ – рече Тони Крос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести