Де Бројне оптимист пред ЕП: „На многу репрезентации нема да им биде мило што ќе мора да играат против нас“

Репрезентацијата на Белгија имаше успешни подготовки за настапот на Европското првенство и ги доби двата пријателски натпревари против Црна Гора и Луксембург со вкупна гол-разлика од 5-0. Еден од најдобрите белгиски фудбалери во моментов, Кевин де Бројне, е голем оптимист пред почетокот на Европското првенство и вели дека може да стигнат далеку.

„Ние не сме фаворити, но мислам дека на многу екипи нема да им биде мило да играат против нас бидејќи ние имаме потполно различен стил на игра. Мислам дека играме на сосема различен начин, со многу млади фудбалери, можеби сме помалку позната земја, па мораме опуштено да влегуваме во натпреварите“, вели Де Бројне.

Sвездата на Манчестер сити се очекува да биде еден од најважните фудбалери на белгиската репрезентација на Европското првенство која ќе настапи без голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, поради несогласувања со селекторот. Белгија својот прв натпревар ќе го одигра на 17 јуни против Словачка.

- Оглас -

Најнови вести