Де Брујне со бомба од 20-тина метри го искачи Манчестер сити на врвот на табелата

Фудбалерите на Манчестер сити славеа на гости со 0:1 против Лестер во првиот натпревар од 14 коло во Премиер лигата.

Херој на Граѓаните беше Кевин де Брујне кој со фантастичен гол од слободен удар од 20-тина метри го совлада Ворд. Ова беше четврта победа по ред за Сити на гости кај Лестер, а притоа да не прими гол.

https://twitter.com/i/status/1586336431072456704

Белгиецот го има третиот најдобар процент на постигнати голови надвод од шеснаесетникоот во Премиер лигата. Од играчите кои постигнале повеќе од 50 гола во елитната фудбалска лига, 42 отсто од головите Де Брујне ги постигнал надвор од шеснаесетникот. Пред него се само Дејвид Бекам со 55 отсто и Кристијан Ериксен со 44 отсто.

Победата над Лестер, го искачи Манчестер сити на лидерската позиција на табелата во Премиер лигата со 29 бода, еден повеќе од Арсенал кој својот натпревар против Нотингем Форест ќе го игра утре.

- Оглас -

Најнови вести