Де Јонг го одби Манчестер, но не би одбил повторно да игра заедно со Де Лихт!

Френки Де Јонг не сака да игра во Премиерлигата, и одбива да се пресели во Манчестер јунајтед, и покрај тоа што Барселона ја прифати понудата на Црвените ѓаволи за холандскиот играч за врска.

Де Јонг замина во САД со Каталонците и ќе игра на пријателските мечеви таму, но тоа не значи со сигурност дека останува во Барса и во претстојната сезона. Можеби ќе биде присилен да си замине, но ако веќе се случи тоа, шпекулациите се дека повторно нема да оди во Јунајтед.

Според каталонските медиуми, Де Јонг сака повторно да биде клупски колега со сонародникот Матајс Де Лихт, но не во Јувентус. Де Лихт е член на Јуве, а интерес за него има од Баерн Минхен. Ако Баварците го купат Де Лихт, тогаш Де Јонг ќе побара од Барселона и него да го продадат во Баерн.

- Оглас -

Најнови вести