-5.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Де Јонг крвнички стартуваше над Мбапе и доби директен црвен картон (Видео)

Во возбудливото финале на шпанскиот Суперкуп, Барселона во Џеда го совлада вечниот ривал Реал Мадрид со 3-2 и го освои првиот трофеј за 2026 година. Спектакуларното финале донесе голема возбуда за публиката, а каталонците славеа благодарение на двата гола Рафиња и погодокот на Роберт Левандовски. За Реал стрелци беа Винисиус јуниор и Гонзало Гарсија.

Со овој триумф, тренерот на Барселона, Ханси Флик, го освои осмиот трофеј во својата тренерска кариера, задржувајќи совршен скор во сите осум финалиња што ги водел.

Натпреварот имаше и драматични моменти. Барселона го заврши мечот со играч помалку. Френки де Јонг доби директен црвен картон во судиското продолжение од второто полувреме, поради груб фаул над Килијан Мбапе на средината од теренот.


Судијата Хозе Луис Мунера Монтеро веднаш му покажа директен црвен картон, оценувајќи го стартот како опасен и со превисоко подигната нога.

- Оглас -

Најнови вести