Де Јонг не е баш добар пејач, но важна е желбата (Видео)

Барселона ќе го пречека Арсенал на „Камп Ноу“ во рамките на „Жоан Гампер трофејот“, а дебито пред публиката во Каталонија ќе го имаат новите лица во Барса. Меѓу нив најверојатно нема да игра само левиот бек Жуниор Фирпо, кој дојде од Бетис и денеска потпиша петгодишен договор, па уште нема одржано ниту тренинг со екипата на тренерот Ернесто Валверде.

За дебито на „Камп Ноу“ како играч на Барселона се подготвува и Френки Де Јонг. Холанѓанецот се обидува да ја научи химната на Барса, но според виденото, тешко му оди и со текстот, а и со пеењето.

Можеби не го бива за пеење, но тоа нема да им биде важно на фановите кои се надеваат дека тој ќе им ги оправда очекувањата и ќе игра добро. Вака изгледа кога Де Јонг се обидува да им се додвори на фановите со пеењето на клупската химна:

https://twitter.com/i/status/1157290399536439296

- Оглас -

Најнови вести