7.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Де Јонг останува во Барселона најмалку уште три сезони

Френки де Јонг беше на излезна врата пред доаѓањето на Ханси Флик во Барселона, но германскиот стручњак знаеше како да го искористи потенцијалот на холандскиот интернационалец и да го извлече максимумот од него, па сега тој е еден од клучните фудбалери на Каталонците.

Награда за одличните игри е и продолжувањето на договорот за уште три сезони, па сега Де Јонг ќе остане во Каталонија најмалку до 2029 година. Двете страни преговараа веќе подолг период, а шпанските медиуми пренесуваат дека конечно е постигнат договор.

Де Јонг пристигна во Барселона во 2019 година од Ајакс за сума од 86 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести