Де Лаурентис ќе се обиде да му го „украде“ Кулушевски на Интер

Наполи е сериозно заинтересиран за Дејан Кулушевски и клубот чиј член е Елиф Елмас ќе се обиде да испрати подобра понуда за македонскиот Швеѓанец од таа на Интер, која засега се смета за најдобра.

Според италијанските медиуми, Наполи ќе биде доста активен во јануарскиот преоден рок, а сега на листата на желби кај претседателот Аурелио де Лаурентис е младиот Кулушевски, кој одлично игра за Парма, каде што е позајмен од Аталанта.

Интер инсистира да го купи Дејан и да си го освежи офанзивниот среден ред со новопечениот шведски репрезентативец, кој може да игра и како лево крило. Асистенциите на Кулушевски се тоа што му треба на Интер, но изгледа и на Наполи, па останува да се види кој ќе победи во наддавањето.

- Оглас -

Најнови вести