Де Лихт и Мазрауи доаѓаат на „Олд Трафорд“: Баерн Минхен и Манчестер јунајтед конечно си подадоа рака

Манчестер јунајтед и Баерн Минхен постигнаа договор за трансфер на двајца играчи од баварскиот клуб, Матaјс де Лихт и Нусаир Мазрауи.

Германците ќе заработат вкупно околу 70 милиони евра за овој тандем.
За 24-годишниот Де Лихт, Баерн ќе добие 45 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра во бонуси кои се сметаат за лесно достижни. Мазрауи, пак, ќе го чини Манчестер јунајтед 15 милиони евра, плус дополнителни 5 милиони евра.

Баерн Минхен претходно одби понуда за Де Лихт во износ од 35 милиони евра. Двајцата играчи веќе ги имаат договорено лични услови со Манчестер јунајтед и чекаа клубовите да постигнат договор, што сега е реалност.


Де Лихт и Мазрауи ќе потпишат договори до 2029 година, со опција за уште една дополнителна година.

На овој начин, двата клуба ги постигнуваат своите цели. Манчестер Јунајтед ќе добие двајца нови квалитетни дефанзивци, што им е потребно поради сериозната повреда на новото засилување Лени Јоро, а се очекува Аарон Ван-Бисака да биде продаден на Вест Хем. Баерн, пак, ги добива потребните приходи, кои ќе ги реинвестира во посакуваните играчи Дезире Дуе и Џонатан Тах.

- Оглас -

Најнови вести