31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Де Лихт треба да учи од Пјаниќ како се држат рацете

Холандскиот дефанзивец Матајс Де Лихт беше централна фигура во редовите на Јувентус во победата над соседот Торино од 1-0, и тоа не само затоа што го даде победничкиот гол.

Во една ситуација во првото полувреме, во мешаница пред голот на Јуве, топката го удри Де Лихт во рака, но судијата дури и после консултација со ВАР, не досуди пенал за Торино. Ова не е прв пат еден од најдобрите млади дефанзивци на светот Лихт да игра со рака во својот 16-ник, некогаш има среќа што судиите не досудија пенал, некогаш се суди пенал, но дефинитивно треба да внимава повеќе кога има вакви мешаници.

Де Лихт треба да учи од соиграчот Миралем Пјаниќ дека раката треба да биде зад грб, ако сака да избегне правење на пенал. На сликата убаво се гледа што прави Пјаниќ со раката, а што Де Лихт. Разликата е очигледна.

На интернет има и карикатури, во кои на шега се вели дека тренерот Сари нашол начин како да го запре ракометот на Де Лихт.

- Оглас -

Најнови вести