Дебакл претрпе и Колумбија, Хамес насамарен како мало дете (видео)

Еквадор ја декласира Колумбија со убедливи 6-1 за трета победа по четири кола во јужноамериканските квалификации за СП 2022. Еквадорците немаа милост и веќе во првото полувреме водеа со високи 4-1, а подоцна и со црвен картон ја докрајчија Колумбија.

За срамот да биде уште поголем, Хамес Родригес, првата колумбиска ѕвезда, беше насамарен како мало дете. Гонзало Плата при еден прием на топката атрактивно со пета го издрибла фудбалерот на Еверон меѓу нозе.

Подоцна Плата даде гол за 5-1, па доби втор жолт картон, а Еквадор и со 10-мина играчи стигна до шести погодок.

[Ecuador vs. Colombia] Gonzalo Plata cancels James Rodríguezn with a nutmeg from soccer

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести