Дебаклот против Данска потврди дека ЕП е предалеку за македонските кошаркарки

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе катастрофален пораз на гостувањето кај Данска и се збогува со шансите да биде учесник на Евробаскетот. Данките беа подобри со огромни 125-57, а само последната четвртина нашите кошаркарки ја загубија со 30 поени разлика.

Данска во ноември беше совладана во Скопје со 79-78, но тогаш ја имавме Анџелика Митрашиновиќ која во меѓувреме стави крај на кариерата. Вечерва подмладениот состав не доби ни најмала шанса за изненадување.

Мерит Хемпе со 27 поени и Илина Селцова со 10, беа единствените со двоцифрен број поени во македонската селекција.

Сега следуваат гостување кај Грција за три дена и потоа дома на 17-ти март со Хрватска дома, но јасно е дека на двата меча нашиот национален тим ќе биде тотален аутсајдер и целта ќе биде што попристојни порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести