14.8 C
Skopje
вторник, 11 ноември 2025

Дебарчанец со само четири пара направи квота над 1.500, и добитен е (Фото)

Ефикасни први полувремиња му донесоа одлична добивка на обложувач од Дебар, кој во неделата во објект на Sport Life во овој град во западниот дел на Македонија уплатил 50 денари на тикет, а има бруто-добивка од речиси 80.000 денари.

Иако на тикетот има само четири пара, погодената вкупна квота е дури 1.593.

На два меча е играно дека двата тима ќе постигнат гол во двете полувремиња и му се остварија очекувањата на дебарчанецот. На Стронгест – Боливар на полувреме беше 1-2 на полувреме и 3-5 на крај, додека на Лион – ПСЖ, гостите својот единствен гол во второто полувреме го постигнаа во 95-тата минута за победа од 3-2, на полувреме беше 2-1 за францускиот и европски првак.

На два меча е типувано дека двата тима ќе даваат гол во прво полувреме и на двете средби кои се играа на американските континенти на пауза беше 1-1, па радоста во Дебар можеше да почне.

Неделата беше среќна и добитна и за играч од Гостивар, кој со 100 денари уплата има тикет на кој е погодена вкупна квота од 961. Гостиварецот погодил 15 меча на кои точно ги прогнозирал игрите конечен тип, и на 2+, 3+ и 4+ голови.

Последен за чекање бил дуелот на Брага и Мореиренсе, на кој е прогнозирано 3+ голови, а третиот падна во 82-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести