Македонската ракометна репрезентација губи од Данска со 11-15 по првото полувреме, но даде солиден отпор.
Македонија имаше старт од соништата, поведе со 4-0, Митревски беше одличен на голот, големиот фаворит дури после 8,23 минути игра го постигна првиот погодок. Во наредните седум минути Данска заигра подобро, па во 16-та минута првпат дојдоа во водство, семафорот покажуваше 6-5. Данците на шест минути пред крајот на првиот дел имаа и плус четири, 13-9, а истата разлика ја задржаа до крај.
Деби имаше Марко Митев, ракометарот кој е најмлад во македонскиот национален тим, а после неколку одбрани, публиката го скандираше името на Никола, Митревски.