Фудбалерите на Астон Вила по само 11 минути игра имаат водство од 2:0 против Манчестер јунатед во мечот од 15-то коло во Премиер лигата.
Астон Вила која ја презеде Шпанецот Унаи Емери, поведе уште во седмата минута преку Леон Бејли, а само четири минути подоцна, нов шок за Црвените ѓаволи бидејќи Лукас Дињ зголеми на 2:0.
Играчите на Астон Вила во првиот меч под палката на Емери кој го наследи Стивен Џерард, играат одлични 25 минути против Манчестер јунајтед, доминираат на теренот и создаваат шанси од кои досега постигнаа два гола.