Деби што ќе го памети засекогаш – Рафија со гол го протна Јувентус во четвртфиналето на Купот (Видео)
Тунижанецот влезе во игра во 77-мата минута, го одигра првиот меч во дресот на најтрофејниот италијански клуб и со погодок во 104-тата минута му донесе победа на својот тим од 3:2 против Џенова во продолженијата.

Тунижанецот Хамзи Рафија вечно ќе го памети дебито за Јувентус откако вечерва со неговиот гол во 104-тата минута, Старата дама ја елиминираше Џенова со победа од 3:2 и се протна во четвртфиналето на Италијанскит куп.
Рафија го одигра првиот меч за „црно-белите“ и одлично се снајде во клучната 14-та минута од првото продолжение за триумф на фаворитот од 3:2.
First goal for his first match. Hamza Rafia ⚪️⚫️#Juventus #JuventusGenoa #JuveGenoa #CoppaItalia #COPPAITALIAxESPN #Rafia pic.twitter.com/72ahiz7DgT
— Best of Serie A 🇮🇹 (@BestOfSerieA) January 13, 2021
Во регуларниот дел Јувентус поведе со 2:0 со головите на Кулушевски и на Мората, но храбрата Џенова, без Горан Пандев во тимот, успеа да израмни на 2:2 со головите на Цибора и Мелегони и се избори за продолженија.
Претходно Интер ја победи Фиорентина со 2:1 исто така по продолженија, а Наполи со триумф од 3:2 го елиминира Емполи.