Јувентус и Џенова ќе играат продолженија – Кулушевски издоминира, голот му е прекрасен, асистенцијата уште подобра (Видео)

Дејан Кулушевски одигра одличен меч и беше прва ѕвезда на Јувентус во куп-мечот против Џенова, што ќе се одлучува во продолженија или евентуално и на пенали.

Шведскиот репрезентативец со македонски корени постигна прекрасен гол во втората минута и го презентираше раскошниот талент што го доведе во редовите на италијанскиот гигант и најтрофеен клуб на Чизмата.

https://streamable.com/8de5ku

Потоа имаше уште две одлични шанси за нов гол, а пак блесна со фантастична асистенција во 23-тата минута. Со прекрасен потег го исфрли сам пред голот на Џенова шпицот Алваро Мората, а Шпанецот погоди за 2:0.

Сепак, гостите кои играат без Горан Пандев не се предадоа, одиграа храбро и со головите на Цибора и на Малегони израмнија на 2:2 и се изборија за продолженија, двапати од по 15 минути.

Ако и тогаш нема победник, ќе се изведуваат пенали за пласман во четветфиналето во Копа Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести