Еурофарм Работник го претрпе и третиот пораз во дебитантскиот настап во ЕХФ купот, а вечерва битолчани загубија на гостувањето кај Нексе со 18:23.
Еурофарм добро се држеше во првото полувреме, имаа реми 10:10 по 30 минути игра, но потоа хрватските ракометари притиснаа на гас и славеа со пет голови разлика.
Претходно нашиот претставник ги загуби и натпреварите против Хановер на гости и со Татабања на домашен терен и по 3 кола и пред почетокот на втората рунда во Б групата од ЕХФ купот имаат тенки шанси за пласман понатаму.