Вардаровата легенда и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација, Андон Дончевски, ќе биде на трибините на арената „Тодор Проески“ да им даде поддршка на Црвено-црните.
Дончевски, кој во номеври ќе полни 90 години, ги посети фудбалерите на Вардар и им даде неколку совети пред денешното финале.
Една од пораките на дедо Дончо беше дека Вардар денеска мора да победи, па дури и Реал Мадрид да е противникот и дека Струга нема што да бара во ова финале.
Комплетната порака од легендарниот Дончевски може да ја видите ТУКА.