Главоболките на Пеп Гвардиола како да немаат крај, па Манчестер сити и официјално објави дека хрватскиот дефанзивец, Јошко Гвардиол, има скршеница на десната нога и го очекува неколкумесечна пауза.
Раководството на „граѓаните“ веднаш тргна во акција и е во потрага по негова замена, со оглед дека Хрватот најверојатно нема да му биде на располагање на Каталонецот до крајот на тековнава сезона.
Повредата на Гвардиол му создаде главоболки и на хрватскиот селектор, Златко Далиќ, кој сега е во неизвесност дали ќе го има одличниот дефанзивец на располагање за Светското првенство во САД, Канада и Мексико, кон средината на јуни годинава.

