Дефинитивно: Стоп за спортот во Италија

Во Италија дефинитивно нема да се одржуваат спортски настани најмалку до 3 април. Ова е наредба на премиерот Џузепе Конте да се прекинат сите јавни собири, меѓу кои се и спортските, откако ситуацијата во земјата стана алармантна со брзото ширење на Коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се забележани 97 смртни случаи, односно вкупно 463 лица ги загубија животите поради вирусот, додека вкупната бројка на заразени е речиси 10.000 лица.

„Нема веќе време за чекање, поради зголемениот број заразени мора да преземеме вакви мерки. Мора некои работи да се жртвуваат за да се сочува здравјето на нашите граѓани. Ќе се избегнуваат секакви патувања, односно ќе бидат одобрени службените кои ќе се дозволат со оправдана причина или пак ако патувањето не е од здравствени причини. Исто така ќе се прекинат сите спортски првенства, вклучувајќи ја и Серија А. Нема причини зошто спортските настани би се одржувале во овој период, фановите мора да се помират со тој факт“, истакна премиерот Конте.

 

- Оглас -

Најнови вести