До пред само пет години, Дејан Кулушевски го носеше дресот на македонската репрезентација за играчи до 17 години. Тогаш талентираниот фудбалер роден во Стокхолм, го облече македонскиот дрес затоа што неговите родители се Македонци.
Самиот Кулушевски до пред некоја година често престојувал во родната земја на неговите родители кои се од Охрид, а за јуниорската македонска репрезентација имаше пет настапи во кои постигна шест гола.
Сепак, Дејан во еден момент реши дека нема да настапува за Македонија и го одбра дресот на Шведска. Освен што го заборави македонскиот дрес, Дејан најверојатно го заборавил и македонскиот јазик, барем по тоа што го видовме по вчерашниот меч Манчестер јунајтед – Тотенхем.
Кулушевски требаше да даде изјава за телевизијата на Sport Klub, а новинарот започна да збори на српски. Дејан збунето го гледаше и го запраша на кој јазик треба да одговори на прашањето. Новинарот му одговори: На Македонски. Потоа следуваше чудна реакција од Кулушевски: Не, не, не, не македонски, само англиски.