Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски загуби од Русинот Владислав Ларин во финалето на престижниот „Президент купот Г2“ во Албанија и освои 12 бодови, кои го доближуваат до исполнување на олимписка норма за игрите во Париз 2024.
Ова беше реприза од финалето на Олимписките игри во Токио, кога исто така Русинот беше поуспешен, а, секако, главна цел на Дејан е да го победи ривалот Ларин на ОИ во Париз и да се закити со злато.