13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Деко е на „Максимир“, Барселона ќе купува фудбалер на Динамо Загреб?!

Динамо Загреб игра меч од Лигата на Европа против Фенербахче на „Максимир“, а на трибините се наоѓа и спортскиот директор на Барселона, Деко, во друштво на познатиот фудбалски агент, Енди Бара.

Португалецот во Загреб ќе дојде да го гледа својот сонародник, Кардосо Варела, кој е резерва против Фенербахче. По мечот е предвидено Деко да има состанок со фудбалерот и неговото семејство и да го убеди да се пресели во Барселона.

Варела има само 16 години, а договорот со загрепските Модри му е со важност до 2028 година. Она што е интересно, Динамо нема да ја добие целата сума од евентуалниот трансфер бидејќи 47% од сумата ќе им припаднат на фудбалерот и на неговото семејство.

Динамо веќе одби понуда од пет милиони евра за Варела, а очекувањата се дека би го продале за 10 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести