12.8 C
Skopje
среда, 8 октомври 2025

Деко: „Фудбалот може да се игра и без вистинска деветка“

Во Барселона размислуваат за иднината, но не сакаат да брзаат, барем кога се работи за продолжување на договорот на Роберт Левандовски или ангажирање на нов напаѓач.

„Нема да разговараме за продолжување во октомври. Одиме чекор по чекор. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во последниве години, од врвна класа. Многу ни помогна. Постигнува по повеќе од 40 гола, но тоа ќе го анализираме подоцна. Сега е најважно повредените фудбалери да се вратат“, вели Деко.

Португалецот разговараше и за евентуален ангажман на нов фудбалер.

„Не треба да бидеме опседнати со таа деветка. Во таков случај може и да направиме грешка. Фудбалот може да се игра и без вистинска деветка. Не е вистински момент да зборуваме за засилувања, сега сме октомври, а кога веќе зборуваме за таа позиција – тоа може да го одигра и Феран Торес“, додаде спортскиот директор на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести