Деко ги откри трансфер-плановите на Барселона и ги изненади навивачите

Голем број на фудбалери се поврзуваат со трансфер во Барселона летово, а она што е сигурно е дека голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, ќе биде нов чувар на мрежата на Каталонците. Спортскиот директор на Барселона, Деко, за шпанските медиуми ги откри плановите, од кои многу навивачи ќе бидат изненадени.

„Нема да ги продаваме нашите најдобри фудбалери. Ќе се потпреме на моменталниот ростер. Ќе донесеме, две, три или четири засилувања, но нема безусловно да трошиме и да се расфрламе со пари. Сега фокусот ни е на продолжување на договорите со сегашните фудбалери. Рашфорд и Дијас? Се разбира, овие фудбалери се добри, но имаат договори со нивните клубови и затоа не е фер да зборуваме за нив. Кога ќе одлучиме да се активираме на трансфер-пазарот, сигурно дека ќе најдеме добри фудбалери, но нема да донесеме премногу нови играчи“, рече Деко.

- Оглас -

Најнови вести