Тотенхем без проблеми победи на гостувањето кај осмолигашот Марин со 5-0, но главна вест од средбата беше потегот на Деле Али, кој по долгиот период неиграње, како да заборавил да оди. Деле доби шанса да заигра, но не се прослави и во еден момент самиот се сопна и падна пред клупата на Тотенхем.
Резервистите му се смееја, а Герет Бејл со насмевка, на шега покажуваше дека неговиот клупски колега треба да добие жолт картон за симулирање.
И Али се смееше, свесен беше колку смешно изгледаше тоа од страна. Погледнете ја ситуацијата:
Dele Alli learning with Manchester United players :pic.twitter.com/63cH1ButYS
— PlayUpPompey (@PlayUpPompey__) January 10, 2021