Делегација на Ал-Хилал е во Париз, на повидок нов мегатрансфер

Делегација на Ал-Хилал денес пристигнала во Париз со цел да го убеди Марко Верати да потпише за клубот од Саудиска Арабија. За разлика од претходно кога ваквите делегации беа составени од политичкиот врв во земјата, овојпат присутни се луѓе од спортскиот дел на клубот.

Италијанецот има договор со ПСЖ до 2026-тата година, но според информациите, арапите најпрво сакаат да го убедат фудбалерот да се пресели во Саудиска Арабија, па дури потоа ќе го договараат обесштетувањето со “светците“.

- Оглас -

Најнови вести