Вчера вечерта во градски автобус во Белрад дошло до тепачка меѓу навивачи на вечните ривали Црвена ѕвезда и Партизан.
„Едната група ја сочинуваа навивачи на Црвена ѕвезда, а другата на Партизан. Пред тепачката, тие се расправаа кој за кого навива и која екипа е подобра во кошарка. Потоа почнаа да се тепаат. Жал ми е за едно мало девојче кое доживеа голем стрес. Таа се возеше во автобусот заедно со нејзиниот татко, кој во еден момент мораше да ѝ ја покрие главата за да ја заштити од хулиганите“, изјави очевидец на тепачката за српските медиуми.