Делува чудно, но Емполи ќе ја победи Рома, во Турција и Белгија се решава за титулите

3004 Емполи – Рома (20:45 ч.)

Рома без никаков притисок го чека овој меч затоа што е сигурно шеста и со обезбедено место во Лигата на Европа. За разлика од Волчицата, Емполи е пред меч на кој мора да победи. Емполи е на 18 место и ќе испадне ако не освои три бода, но ако триумфира, има големи шанси да се спаси затоа што Удинезе и Форсононе се истотака загрозени, моментално се на позиции кои носат опстанок, но вечерва ќе играат меѓусебе.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

3009 Лацио – Сасуоло (20:45 ч.)

Лацио треба да ја сочува позицијата која го носи во Лигата на Европа, а Сасуоло веќе испадна и гостите немаат никаков мотив за игра.

Небесносините имаат четири победи по ред против овој ривал, а неверојатно делува фактот дека последните 10 дуели на овие ривали завршиле со 2-3 погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.76)

 

1308 Селта Виго – Валенсија (16:15 ч.)

Со три победи во последните четири кола, Селта Виго обезбеди опстанок па сега пред своите навивачи ќе игра без многу притисок. Валенсија и да победи и да загуби ќе остане на осмото место на табелата, што значи дека гостите немаат никаков мотив за игра.

Едноставно ова треба да биде дуел на кој домашните фанови ќе очекуваат победа за крај на сезоната.

Предлог тип: 1&2-4 (1.88)

 

1956 Коњаспор – Галатасарај (18 ч.)

Последно коло и во Турција, а на Галатасарај и е потребен барем еден бод за да биде сигурен шампион. Турскиот гигант моментално има 99 бодови, три повеќе од големиот ривал Фенербахче кој дома сигурно ќе слави против испаднатиот Истанбулспор.

На Галатасарај нема да ѝ биде лесно затоа што „гори под нозете“ и на Коњаспор, екипа која е само еден бод над зоната за испаѓање. Сепак, Галатасарај нема да си дозволи во последното коло да ја испушти титулата.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.68)

 

1658 Клуб Бриж – Серкл Бриж (18:30 ч.)

Само еден бод му е доволен на Бриж за да биде и официјално првак на Белгија. Серкл Бриж е ривал по мерка затоа што на последните 18 меѓусебни дуели, Клуб Бриж има 10 победи, седум реми и само еден пораз. Најчесто овие ривали не играат со повеќе од три гола, па така треба да биде и сега.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.02)

- Оглас -

Најнови вести