Францускиот ас Осман Дембеле, кој ја освои престижната награда „Златна топка“ која ја доделува „Франс Фудбал“, во трката за првата позиција го „прегазил“ Ламин Јамал. Бодовната разлика е голема и изнесува дури 319 гласови.
Претходно, светската фудбалска јавност веруваше дека Дембеле и Јамал ќе бидат во тесна трка за оваа награда.
Сепак, предмалку беа објавени официјалните податоци, според кои Дембеле освоил вкупно 1380 гласови, а Ламин Јамал 1059. На третото место е Витиња, соиграчот на Дембеле од ПСЖ, со 703 гласови.