Дембеле ја „презема“ соблекувалната на Франција, веќе му најавил на Мбапе што се очекува од него

Усман Дембеле наводно побарал од својот репрезентативен соиграч Килијан Мбапе да преземе поголема одговорност во дефанзивните задачи и повеќе да придонесува за тимската игра.

Според француските медиуми, Дембеле во последниот период станал една од највлијателните фигури во соблекувалната на француската репрезентација и директно му порачал на капитенот дека за доброто на тимот мора повеќе да учествува во одбраната.

„Усман Дембеле достигна сосема ново ниво во репрезентацијата на Франција. Не се двоуми да му каже директно на Килијан Мбапе што мисли. Неодамна му порача дека мора многу повеќе да придонесува во дефанзивата“, пишуваат француските медиуми.

Не е познато како реагирал Мбапе на оваа забелешка, но јасно е дека станува збор за тема која често се дискутира кога се анализира неговата игра. Иако важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, француската ѕвезда честопати е критикувана поради ограничениот ангажман во дефанзивната фаза.

Во последните месеци Мбапе беше цел на критики и од дел од навивачите на Реал Мадрид, особено поради резултатите на тимот и неговите настапи во одредени натпревари.

Франција влегува на Светското првенство како еден од главните фаворити за титулата, но поразот во пријателскиот натпревар против Брегот на Слоновата Коска очигледно бил сигнал дека во тимот е потребна поголема дисциплина и посветеност од сите играчи.

Триколорите ќе настапат во група со Сенегал, Ирак и Норвешка, а од Мбапе и Дембеле ќе се очекува да ја предводат селекцијата во борбата за светската титула.

- Оглас -

Најнови вести