Ирански ракетен напад прекина кошаркарски меч во Израел (Фото)

Вистински хаос се случи за време на полуфиналниот натпревар од израелското кошаркарско првенство меѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим.

Натпреварот беше прекинат во третата четвртина, поради ракетна тревога поврзана со напади од Иран, што предизвика сериозна загриженост за безбедноста на сите присутни во салата.

Во моментот на прекинот, Хапоел Тел Авив имаше предност од 77:67.

Судиите веднаш ја прекинаа средбата за да ги заштитат кошаркарите, стручните штабови, навивачите и останатите присутни во арената.

Засега не е познато кога натпреварот ќе биде доигран и на кој начин ќе заврши полуфиналната серија. Се очекува раководството на лигата наскоро да излезе со официјални информации и евентуални измени во распоредот.

Сепак, сите понатамошни одлуки ќе зависат од безбедносната состојба во земјата и проценките на надлежните институции.

- Оглас -

Најнови вести